Дома Фудбал Коe е 16-годишното момче што му донесе победа на Ливерпул во 100. минута?

Коe е 16-годишното момче што му донесе победа на Ливерпул во 100. минута?

Англичаните одамна зборуваат за супер талентираното дете, а во Челси не можат да си простат што му дозволиле да си замине…

Ливерпул по вистинска драма стигна до триумф на Сент Џејмс Парк во последниот натпревар од второто коло на Премиер лигата – 3:2.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Њукасл, иако со играч помалку и минус два гола, успеа да изедначи во 88-та минута и реално, според сето прикажано, заслужи не само еден бод, туку сите три. Но, шампионот на Англија на клупата за резерви го имаше супер талентирниот џокер – Рија Енгумоу.

Станува збор за некогашен ученик на академијата на Челси и младински репрезентативец на Англија по потекло од Нигерија. Англиските медиуми наведуваат дека на Стамфорд Бриџ не можат да си простат што дозволиле таков талент да си замине од клубот.

Во Ливерпул пристигна минатото лето, одигра во младинската Лига на шампиони, но Арне Слот многу брзо го приклучи на тренинзите на сениорите.

Значи, за неколку дена ќе наполни само 17 години, а веќе сега покажува неверојатен талент и – спортска дрскост.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп: Ако Бекер не го освоеше Вимблдон во 1985 година, денес немаше да бидам тука

На свеченото доделување на наградите на „СПОРТ БИЛД“, тениската легенда Борис Бекер (57) д…