Дома Фудбал Донарума ги договори личните услови, на чекор е од Премиер лигата

Донарума ги договори личните услови, на чекор е од Премиер лигата

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума е пред голем трансфер во англиската Премиер лига, откако според најновите информации постигнал договор за лични услови со Манчестер Сити. „Граѓаните“ се подготвени да му понудат долгорочен ангажман, а во тек се преговори со Пари Сен-Жермен за висината на обесштетувањето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, целата зделка зависи од судбината на актуелниот прв голман на Сити, Едерсон. Бразилецот би можел да го напушти клубот ова лето, а токму тоа би го отворило патот Донарума да пристигне на „Етихад“.

Донарума, кој има само 25 години, се смета за еден од најдобрите голмани во Европа. Тој во 2021 година премина во ПСЖ по заминувањето од Милан, а со репрезентацијата на Италија беше прогласен и за најдобар играч на Европското првенство истата година.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рафаел Леао во трансфер од 50 милиони евра може да заврши каде што никој не очекува!

Турскиот гигант Фенербахче летово е подготвен да направи еден од најзначајните трансфери в…