Дома Фудбал Луис Дијаз замина, но Ливерпул има нова „седмица“ (Видео)

Луис Дијаз замина, но Ливерпул има нова „седмица“ (Видео)

Фудбалскиот клуб Ливерпул денес ќе ја промовира новата опрема која од ова лето ќе ја изработува германскиот добавувач Адидас.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


По Њу Баланс и Најк, Ливерпул се враќа на моделот со „три линии“. Адидас ќе им плаќа на „црвените“ по 60.000.000 евра годишно, што претставува еден од најголемите технички договори во светот на фудбалот.

Пред самата промоција на дресовите, и по многуте трансфери кои се случија во клубот, Ливерпул ги објави и броевите кои ќе ги носат новите играчи на грбот.

Конкретно, Милош Керкез го доби број „шест“, Уго Екитике 22, Ѓорѓи Мамардашвили 25, Џереми Фримпонг 30, додека „седумката“ по заминувањето на Луис Дијаз ќе ја носи ни помалку ни повеќе туку Флоријан Вирц.

Премиерата на новите дресови ќе се случи веќе на 4 август против Атлетик Билбао во пријателски натпревар, а потоа екипата на Арне Слот ја очекува Комјунити шилд против Плас на 10-ти овој месец.

Почетокот на Премиер лигата за актуелниот шампион е закажан за 15 август.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чуамени испрати порака по тепачката со Валверде: Ова е неприфатливо, но…

Во Реал Мадрид избувна голема внатрешна тензија по наводниот инцидент на тренинг, во кој, …