Дома Фудбал Лапорта: Се преговара со УЕФА за Суперлигата

Лапорта: Се преговара со УЕФА за Суперлигата

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во интервју за Мундо Депортиво, се осврна на темата на Суперлигата. Да потсетиме, Суперлигата е проект кој во 2021 година беше прифатен од најголемите европски клубови, но брзо се повлекоа, претежно поради притисокот од навивачите. Сепак, идејата и проектот за Суперлигата сè уште се живи, а Лапорта вели дека во тек се преговори со УЕФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Се постави тема за Суперлигата, што предизвика несогласувања, различни мислења и одредена контроверзност. Јас секогаш сум се обидувал да имам улога на тој што гради мостови помеѓу Суперлигата и УЕФА. Во моментот сме во ситуација каде што постои комуникација помеѓу Суперлигата и УЕФА. Александер Чеферин назначи одредени лица од УЕФА кои разговараат со претставниците на Суперлигата, со Бернд Рајхарт, извршниот директор на Суперлигата, и целиот негов тим, кој вклучува адвокати блиски на клубовите што се дел од Суперлигата”, изјави Лапорта.

“Се дојде до принципиелен договор кој се заснова на три блока. Најмногу простор за договор и соработка има во делот што се однесува на технолошката платформа. Мислам дека тоа е добра вест и дека од двете страни има добра волја. Барселона зазема став дека треба да се постигне договор и внатре во Суперлигата го поттикнуваме постигнувањето на тој договор. Дали е тоа интересно? Мислам дека е, за доброто на фудбалот, позитивно е да се постигне договор што е можно поскоро”, продолжи претседателот на Барселона.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид го добива најдобриот во свет за „само“ 70 милиони евра!?

Најдобриот играч во светот за 2025 година сега е на прагот да го напушти Манчестер Сити, а…