
Барселона го посакуваше Никo Вилијамс и не успеа, сега го сака Луис Дијаз и според сите показатели нема да успее бидејќи раководството на каталонскиот клуб постави ограничување од 60 милиони евра, колку што е подготвено да плати за ослободување на Колумбиецот, пренесува „Mundo Deportivo“.
Со оглед на тоа што Ливерпул не сака да го пушти под износот кој го плати на Порто пред три години, а Баерн Минхен, кој исто така е голема желба на самиот играч, е подготвен да оди до крај во ангажирање на одличниот крилен фудбалер, јасно е дека Барселона ја губи трката.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Оваа откупна цена за Дијаз беше сосема прифатлива за Ливерпул додека Баерн не се вклучи во трката и додека Диого Жота не се повреди, па „црвените“ станаа свесни дека мора да се зголеми обештетувањето за Дијаз.
Ако имаме во предвид дека Ливерпул ја одби втората понуда на Баерн од 67,5 милиони евра, јасно е дека Барселона паѓа од трката бидејќи германскиот шампион планира да ја зголеми понудата на цели 70 милиони европски книжки.
Фото: Принтскрин