Дома Фудбал Го следи примерот на Вилијамс: Напаѓачот кој е желба на Барселона поставил еден услов

Го следи примерот на Вилијамс: Напаѓачот кој е желба на Барселона поставил еден услов

Колумбискиот напаѓач Луис Диаз е подготвен да се пресели во Барселона, а шпанскиот клуб е во постојан контакт со неговите агенти.

Во Ливерпул засега не сакаат ни да слушнат. Бараат повеќе од 85.000.000 евра и немаат намера да попуштат ни за цент. Веќе еднаш ја одбија Барселона, потоа и Баерн, но двата клуба сѐ уште не се откажуваат. Самиот фудбалер е насочен кон Каталонија бидејќи му е сон еден ден да го носи овој дрес“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Покрај високата цена на трансферот, има и проблеми со регистрацијата. Поради таа причина, Нико Вилијамс го стопираше трансферот на „Камп Ноу“. Клубот не можеше да му гарантира регистрација на време за натпреварите во Ла Лига. Вилијамс побара клаузула според која би станал слободен агент ако не се регистрира до 31 август за домашните натпревари.

Слично барање сега има и Луис Диаз. Поточно, неговите претставници сакаат да вклучат компензација ако регистрацијата не се формализира до 31 август. Диаз не би можел да си замине без надомест, но клубот би ги покрил спортските штети што Колумбиецот би ги претрпел ако не игра до зимскиот трансфер прозорец или дури и цела сезона. Според шпанскиот „АС“, Луис Диаз е подготвен да почека, но му е потребна финансиска заштита.

Така Барселона ризикува бидејќи вистинска сигурност нема, без оглед на тоа кој играч е во прашање. Постојано се борат за некое од големите имиња, но можеби би било добро да се фокусираат на финансискиот фер-плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал постигна договор со Инкапие, сака да го земе на заем со задолжителна опција за откуп

Одбранбениот играч на Баер Леверкузен Пиеро Инкапие ги договори личните услови со Арсенал …