Дома Фудбал Четворица фудбалери сигурно заминуваат од Барселона, едно име е изненадување

Четворица фудбалери сигурно заминуваат од Барселона, едно име е изненадување

Според информации од шпанската „Марка“, четворица играчи ќе ги напуштат редовите на Барселона ова лето, а едно име особено ќе ги изненади навивачите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона зад себе ја има импресивната сезона под водство на германскиот стратег Ханси Флик.

Во дебитантската сезона на клупата на Барселона Флик освои три трофеи – Суперкуп на Шпанија, Куп на Кралот и Ла Лига, додека единствено во Лигата на шампионите не успеаја, откако беа елиминирани од Интер во полуфиналето.

Амбициите на каталонскиот клуб секогаш биле на високо ниво, па така Барса следната сезона ќе се обиде да го подигне нивото на својата игра уште повеќе.

Се спомнува доаѓањето на Нико Вилијамс во Барселона и скоро е сигурно дека тој од следната сезона ќе биде дел од овој тим.

Сумата што Барса ќе треба да му ја плати на Атлетик Билбао за Вилијамс нема да биде мала, па поради тоа неколку играчи ќе мора да го напуштат каталонскиот клуб.

Според најавите клубот сигурно ќе го напуштат: Ансу Фати, Пабло Торе, Ориол Ромеу и дефанзивецот Кристенсен.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе не може да „спие мирно“: Еден клуб му е во мислите, но Баерн не го пушта да замине

Мајкл Олисе е наводно решен ова лето да го напушти Баерн и да се пресели на „Сантјаго Берн…