Меѓународниот суд за спортска арбитража (CAS), побара уште едно вештачење на независна лабораторија, пред да ја донесе конечната одлука околу четиригодишната суспензија на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Аријан Адеми, во петокот, се појави пред судот во Лозана и уште еднаш ја изнесе својата одбрана, а преку Скајп обраќање имал и докторот на Динамо Загреб, Јосип Шојат.
Пред CAS, повторно биле изнесени сите аргументи, кои претходно Адеми и Динамо ги презентираа пред УЕФА, како и вештачењата на независните стручњаци.
CAS, потоа побарал да биде извршено уште едно вештачење, чии резултати ќе бидат познати за две до три недели, кога и треба да биде донесена одлуката околу намалување на казната.
Адеми беше суспендиран откако падна на допинг тестот по натпреварот со Арсенал во Лигата на шампионите, одигран пред една година. И тој и Динамо Загреб тврдеа дека забранетата супстанца, кој ја имало во многу мал процент, била внесена ненамерно. УЕФА потоа му изрече исклучително голема суспензија од четири години.