Дома Останати Кошарка ЛеБрон: Пензија? Размислувам за тоа, но уште не сум одлучил

ЛеБрон: Пензија? Размислувам за тоа, но уште не сум одлучил

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, ЛеБрон Џејмс, кој се подготвува за својата 23. НБА сезона, истакнува дека приоритет му е опоравката на левото колено до почетокот на подготовките во септември.

Повредата на лигаментите ја здоби во април, во петтиот натпревар од плејофот против Минесота.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Имам доволно време да се опоравам и да бидам што поблизу до 100% подготвен“, рече Џејмс за Associated Press, а пренесува ESPN.

Минатата сезона ЛеБрон постигнуваше 24,4 поени, 8,2 асистенции и 7,8 скокови по натпревар, и повторно беше избран во All-NBA тимот.

Иако размислува за крајот на кариерата, сѐ уште нема конкретен датум:

„Тоа се мисли што доаѓаат со времето – дали ќе биде оваа година, следната? Но, уште не сум одлучил, немам конкретен датум или специфичен распоред. Го следам моето тело и семејството.“

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Навивач влета на теренот, Јокиќ „бегаше“ на страна: Хаос на натпреварот помеѓу Денвер и Клиперс (Видео)

Натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Лос Анџелес Клиперс во еден момент се претвори во висти…