
Луис Дијаз реши да го напушти Ливерпул по три и пол години, но неговиот трансфер нема да биде едноставен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бројни доверливи извори денес потврдија дека Колумбиецот му соопштил на Ливерпул дека сака да замине, но проблем е обештетувањето кое Црвените го очекуваат.
Ливерпул го процени својот офанзивец на дури 85 милиони евра, но тоа сега е подготвен да го плати само Ал Наср!
Клубот од Саудиска Арабија планира да го продаде Садио Мане, кој е на трансфер листата, а прва мета на Ал Наср е – Луис Дијаз.
Сепак, проблемот е што Колумбиецот моментално не размислува да ја напушти Европа и да се пресели во Саудиска Арабија, бидејќи неговиот сон е – Барселона!
Колумбиецот веќе извесно време е во контакт со Каталонците, свесен е дека Ханси Флик го гледа како идеално решение на позицијата на левото крило и на Ливерпул му порачал дека размислува само во насока на Барселона.
Проблем во оваа приказна е што Барселона нема намера да плати повеќе од 60 милиони евра за неговиот трансфер, што е дури 25 милиони помалку од тоа што го бара Ливерпул и колку што е подготвен да плати Ал Наср.
Фотографија: Grok AI