Дома Фудбал Овој податок е доказ: ПСЖ во Лигата на шампионите издоминира, речиси како и во Лига 1!

Овој податок е доказ: ПСЖ во Лигата на шампионите издоминира, речиси како и во Лига 1!

Едно ново издание на Лигата на шампионите заврши синоќа со финалниот натпревар во Минхен.

Трофејот за најдобар тим, како што веќе знаеме, го освои Пари Сен Жермен, откако го совлада Интер со резултат 5:0.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


По финалето, обично следат индивидуалните признанија, оценките за кампањата, како и изборот на тимот на сезоната.

Тука се гледа доминацијата на тимот на Луис Енрике бидејќи дури седум негови играчи се избрани во најдобрите 11. Посебно се истакнуваат Алесандро Бастони (Интер), Деклан Рајс (Арсенал) и двојката на Барселона, Рафиња и Ламин Јамал.

Тимот на Парижаните во оваа селекција е претставен од: Џиџо Донарума, Нуно Мендеш, Маркињос, Ашраф Хакими, Витиња, Дезире Ду и Осман Дембеле.

Сето ова и покрај тоа што малку подзастанаа во групната фаза и едвај се пласираа во нокаут рундата.

Интересно е дека Пари Сен Жермен успеа да внесе само еден играч повеќе во тимот на сезоната од француското првенство. Таму е Жоао Невеш, додека Дезире Ду е изоставен во корист на Бредли Баркола. Исто така, таму го нема ниту Маркињос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голеада во Штутгарт: Шпанија ја победи Франција за финале на ЛН

Актуелниот европски шампион Шпанија, со победа во луда игра над Франција (5:4), се пласира…