
Фудбалерот на Ливерпул Луис Дијаз има понуда поради која би можел да го напушти клубот ова лето.
Во тимот на англискиот шампион ќе има многу промени со надеж дека тимот ќе биде уште поквалитетен во наредните сезони. Дојде Жереми Фримпонг, претходно потпиша Георги Мамардашвили, се преговара со Милош Керкез и Флоријан Вирц. А се очекува “црвените” да не се запрат тука.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, заминувањата се исто така неизбежни, а во случај на богата понуда, Ливерпул би можел да го пушти Луис Дијаз, кој одигра само 50 натпревари оваа сезона и постигна 17 голови со осум асистенции.
Две години пред истекот на неговиот договор, а цена од минимум 85.000.000 е нешто што би го задоволило Ливерпул. Го имаат Коди Гакпо кој, можеби, не е толку брз како Колумбиецот, но е доста квалитетен на левата страна, а и Флоријан Вирц кој може да го покрива и тој дел од теренот како „бек-ап“.
За Дијаз од порано е заинтересирана Барселона, но сега Фабрицио Романо ја истакнува Ал Наср, каде што би можел да се приклучи на поранешниот соиграч Садио Мане.