Дома Фудбал Французите сакаат повеќе возбуда: Целосно ќе го менуваат системот на Лига 1?!

Французите сакаат повеќе возбуда: Целосно ќе го менуваат системот на Лига 1?!

Француската фудбалска федерација (FFF) разгледува можност за воведување нов формат за доделување на титулата шампион на Лига 1, според информациите кои ги пренесе L’Equipe. Овој предлог доаѓа во контекст на плановите за трансформација на францускиот професионален фудбал, а меѓу најважните промени е укинување на ЛФП (Лига на професионален фудбал) која управува со Лига 1 и Лига 2 и воведување на нова управувачка структура, инспирирана од Премиер лигата.

За да се внесе повеќе неизвесност и напнатост во периодот на доминација на ПСЖ, кој освои четврта последователна титула шампион на Лига 1, ФФФ ангажира работна група предводена од претседателот на Тулуза, Дамиен Комоли, која разгледува воведување турнир фајнл-фор.. Победникот на тој турнир би требало да биде прогласен за шампион на Лига 1.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Овој формат веќе е применет во Аркема Првом лига, француската највисока женска фудбалска лига, каде што првопласираниот тим се натпреварува против четвртопласираниот во полуфинале, а вториот и третиот тим играат во друго полуфинале. Финалниот натпревар потоа решава кој ќе биде шампион. Според извештајот, овој предлог е позитивно прифатен од неколку клучни учесници во Лига 1.

Фото: PSG/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот португалскиот шампион исфрлен во петта лига!

Боависта, еден од само петте клуба кои некогаш ја освоиле португалската лига, е изваден во…