Дома Фудбал Реал е уморен од однесувањето на Винисиус

Реал е уморен од однесувањето на Винисиус

ВИНИСИУС ЖУНИОР (24) преговара со Реал за продолжување на договорот. Бразилскиот крилен напаѓач оваа сезона постигна 20 гола и асистираше за 16 гола во 50 натпревари. Беше втор во изборот за Златната топка во 2024 година и е една од најголемите фудбалски ѕвезди. Но, веќе со месеци се пишува за наводните понуди кои ги добива од Саудиска Арабија, каде би можел да биде можеби и најплатениот играч во светот.

Maрка објави текст под наслов “Винисиус и фантомската понуда од Саудиска Арабија” во кој пишува дека “неговите агенти и понатаму бараат бајковита понуда од саудиската Про лига додека преговорите за продолжување на договорот со Реал сè уште се отворени”.

Преговорите започнаа на почетокот на годината

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Шпанските медиуми наведуваат дека преговорите меѓу Реал и Винисиус започнале на почетокот на годината по иницијатива на клубот. Напредок е постигнат, но сè уште не се приближени до договор.

“Придвижувањето кон заеднички ставови се случи дури откако клубот ја одби првата понуда на агентот на Винисиус, Фредерико Пена, која беше сметана за целосно неприфатлива, и се повика на постоечката платна структура како на непроменлива норма.

По таа иницијална средба поминаа месеци пред преговорите повторно да се покренат, но новите финансиски барања на играчот, сведени на 30 милиони евра нето годишно, вклучувајќи бонус за потпишување нов договор, во клубот и понатаму беа сметани за превисоки”, пишува Maрка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mу здосади: Родриго се огласи по најавите дека заминува од Реал Мадрид! (Фото)

Сезона без големи трофеи предизвикува непријатност во Реал Мадрид. Се приближува реконстру…