
Ливерпул ова лето ќе остане без долгодишниот десен бек Трент Александер-Арнолд, кој како слободен играч заминува во Реал Мадрид, но изгледа дека англискиот шампион веќе нашол замена. Според Фабрицио Романо, преговорите за трансферот на Жеремие Фримпонг (24) од Баер Леверкузен во Ливерпул напредуваат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Холандскиот репрезентативец во договор со Леверкузен има откупна клаузула по која може да си замине за 35 милиони евра, а Романо тврди дека Ливерпул веќе преговара околу моделот на исплата. Истовремено се водат преговори и со Фримпонг, кој би сакал да игра за Ливерпул.
Иако игра за Холандија, каде што е роден, Фримпонг пораснал во Англија и поминал девет години во академијата на Манчестер Сити. Како 19-годишник заминал во Селтик, а од 2021 година е во Леверкузен, каде беше еден од најдобрите играчи во освојувањето на историската титула минатата сезона.
Фотографија: Принтскрин