Дома Фудбал Ако продолжи традицијата стара 46 години, Лигата на шампиони ќе ја освои ПСЖ

Ако продолжи традицијата стара 46 години, Лигата на шампиони ќе ја освои ПСЖ

Во финалето на оваа сезона на Лигата на шампиони кое ќе се одржи на 31-ви мај на Алијанц Арената во Минхен, натпреварот е се одигра помеѓу фудбалерите на Интер и ПСЖ, со што овој германски град по петти пат во историјата ќе го организира завршниот меч на ова елитно натпреварување. Интересно е што сите претходни финалиња на Лигата на шампиони/Купот на шампионите одиграни во Минхен се одликуваат со фактот дека победниците на тие дуели никогаш претходно не ја освоиле титулата во својата историја.

Првото финале на Купот на шампионите во Минхен се одигра во 1979 година, а тогаш Нотингем Форест за првпат стана освојувач на Купот на шампионите. Во финалето на Олимпискиот стадион го победи шведскиот Малме со 1:0. Веќе следната сезона Нотингем Форест повторно беше европски првак.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Минхен вторпат беше домаќин на финалето на Лигата на шампиони во сезоната 1992/93, што воедно беше и прва сезона кога натпреварувањето го носеше тоа име. Марсеј во финалето го победи Милан со 1:0, а францускиот тим тогаш за првпат се круниса за најдобар европски тим. И тогаш домаќин на тој натпревар беше Олимпискиот стадион, како и во сезоната 1996/97 кога во Минхен славеше големиот ривал на Баерн, Борусија Дортмунд.

Во 1997 година Борусија (Д) во финалето беше подобра од Јувентус со 3:1 и го славеше првиот наслов во Лигата на шампиони. По тоа Борусија (Д) уште двапати играше финале, но во двете беше поразена.

Последното финале на Лигата на шампиони во Минхен се одигра во 2012 година, првпат на Алијанц Арената. Беше тоа вечер на голема тага за домашните навивачи, бидејќи во финалето играше Баерн, но на крајот славеше Челзи, со вкупни 5:4 по изведување на пенали. Челзи тогаш дојде до својот прв наслов во Лигата на шампиони. Девет години подоцна Челзи ја освои и втората титула.

Ако традицијата продолжи и овој мај, тоа значи дека за првпат во својата историја, Париз Сент-Жермен ќе го прослави својот успех, кој досега еднаш, во 2020 година, играше финале и изгуби. Миланскиот Интер во своите витрини има три пехари на победници, а уште трипати беше поразен во финалните дуели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус подготвува голема понуда за Осимен

Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, за да ги реши с…