Дома Фудбал Финалето какво што ќе има оваа година во Лигата на шампионите не сме гледале 21 година!

Финалето какво што ќе има оваа година во Лигата на шампионите не сме гледале 21 година!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен вчера се пласираа во финалето на Лигата на шампионите откако го елиминираа тимот на Арсенал со вкупен резултат од 3:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По минималната победа во Лондон, тимот на Луис Енрике заслужено славеше и во Париз, каде беше 2:1 за домаќините, па ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите на 31 мај во Минхен ќе игра против Интер.

Првпат од 2004 година, во финалето на ЛШ нема да има претставник од англиската Премиер лига, шпанската Примера или германската Бундеслига.

Англиските, шпанските и германските тимови редовно беа меѓу фаворитите, но оваа сезона сите беа елиминирани пред завршната фаза.

Последен пат кога се случи ваква ситуација беше во сезоната 2003/04, кога финалето го играа Порто и Монако.

Фото: PSG/FB

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал пред СП: Се чувствувам како суперхерој

Додека Шпанија се подготвува за претстојното Светско првенство, Ламин Јамал изјави дека ре…