Дома Фудбал Ужас: Навивач на Аталанта избоден до смрт за време на инцидент со навивачи на Интер

Ужас: Навивач на Аталанта избоден до смрт за време на инцидент со навивачи на Интер

Навивач на Аталанта беше избоден до смрт за време на инцидент со навивачи на миланскиот Интер во Бергамо, соопшти во неделата италијанската полиција.

Навивачите на Аталанта и Интер влегоа во судир во кафуле во Бергамо во саботата вечерта, откако еден од навивачите на Интер провоцирачки скандираше, изјави за Ројтерс раководителот на канцеларијата на карабињерите во Бергамо Кармело Берингели.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Конфликтот потоа продолжи на улица во близина на стадионот на Аталанта и прерасна во насилна пресметка кога навивач на Интер избодел 26-годишен навивач на Аталанта, додаде тој.

Младо момче во доцните тинејџерски години е уапсено и изјави дека дејствувал за да го заштити својот брат, рече Берингели.

Навивачите на Аталанта во чест на убиениот пријател истакнаа транспарент на почетокот на натпреварот во Монца во кој нивните миленици во неделата славеа со 4-0.

“Она што му се случи на нашиот навивач не смее повеќе никогаш да се повтори”, изјави менаџерот на Аталанта Џан Пјеро Гасперини на прес-конференција по натпреварот.

Клубот не го коментираше официјално инцидентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се појави видео од Роналдо во Мадрид – едвај стоеше на нозе! (ВИДЕО)

Бразилецот Роналдо извонредно помина во Мадрид, гледаше финале на мастерсот помеѓу Каспер …