Дома Фудбал Кризата во Сити низ очите на Гвардиола: Тоа е глупав детал, но многу кажува

Кризата во Сити низ очите на Гвардиола: Тоа е глупав детал, но многу кажува

ПЕП ГВАРДИОЛА знаеше дека нешто не е во ред со Манчестер Сити оваа сезона кога забележа дека неговите играчи не ги слават головите како претходно. Шпанскиот стратег го опиша ова како „глупав детал“ што го забележал, но смета дека доволно го објаснува зошто тимот кој ја бранеше титулата поголемиот дел од сезоната беше непрепознатлив.

Сити започна одлично и со надеж кон петтата последователна титула во Премиер лигата. Кон крајот на октомври немаше ниту еден пораз, но потоа следеше драматичен пад кога повредите на клучните играчи го погодија тимот. Следеше серија од девет порази во 13 натпревари, со само една победа во тој период.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Сега Сити е во добра форма, резултатите се подобри, но заостанокот во трката за титулата одамна е ненадокнадлив. Она што го радува Гвардиола е промена кај играчите кај кои повторно се гледа гладта за победи. „Иако поради повредите не можеше да направи многу, Гвардиола уште порано го забележа падот на страсноста“, пишува Манчестер Ивнинг Њуз.

„Треба повторно да создадеме подобра средина во тимот, духот, начинот на кој се опоравуваме. И начинот на кој ги славиме головите. Бернардо постигна гол во првите минути против Форест во декември и начинот на кој го прославивме… Оваа сезона не го славевме првиот гол во октомври, ноември, декември и јануари како во претходните сезони. Не славевме на ист начин. Говорот на телото го покажуваше тоа“, рече Гвардиола и додаде:

„Тој глупав детал многу кажува за страста што секогаш ја имавме, а оваа сезона не ја имавме. Имавме 12, 13 играчи достапни на секои три дена. Не можевме доволно да се опоравиме за да играме со потребниот интензитет и енергија. Сега повторно можеме да се натпреваруваме. Играчите мораат да почувствуваат дека можеби нема да играат, а тоа не можеа затоа што немавме доволно спремни, најчесто имавме шест, седум, осум повредени. Имаше и други проблеми, но тоа беше најголемиот.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Митровски донесе пресврт за Вараждин, стрелаше и од слободен удар! (Видео)

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски се покажа како вистински јунак за Вараждин,…