Дома Фудбал Реал излезе со ново соопштение: Никогаш не сме размислувале за повлекување од финалето

Реал излезе со ново соопштение: Никогаш не сме размислувале за повлекување од финалето

Во петок попладне настана вистинска драма околу финалето на Кралскиот куп. Реал Мадрид побара промена на судиите за финалето против Барселона по прес конференцијата која ја одржаа судиите. Штом беше објавено дека Де Бургос ќе го суди финалето, клупската телевизија RMTV на Реал објави видео со неговите наводни грешки на штета на Реал, по што овој судија се расплака на пресот. Постоеше сомнеж дека Реал нема да игра, но тоа го негираа со соопштение.

“Со оглед на гласините кои се појавија во последните часови, Реал Мадрид објавува дека нашиот клуб никогаш не размислувал за повлекување од финалето.

Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Нашиот клуб смета дека несреќните и неприфатливи изјави кои ги дадоа судиите назначени за овој натпревар, само 24 часа пред финалето, не можат да ја засенат спортската манифестација од глобално значење која ќе ја следат стотици милиони луѓе, и сето тоа од почит кон сите навивачи кои планираат да патуваат во Севиља, како и оние кои веќе се наоѓаат во андалузиската престолнина.

Реал Мадрид верува дека вредностите на фудбалот треба да надвладеат, и покрај непријателството и анимозитетот кои денес повторно беа искажани кон нашиот клуб од страна на судиите назначени за финалето”, стои во соопштението.

Претходно ги откажаа сите активности

Клубот ги откажа сите официјални настани на Шпанската фудбалска федерација пред финалето кое ќе се одигра во сабота во 22 часот во Севиља. Мадридскиот клуб не одржа отворен тренинг, конференција за медиуми на која требаше да се појават тренерот Карло Анчелоти и капитенот Лука Модриќ, официјална фотосесија ниту пак клупскиот претседател Флорентино Перез присуствуваше на официјалната вечера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бура на Островот: Дарвин Нуњез јавно го критикуваше Ливерпул, па ја избриша објавата (Фото)

Уругвајскиот фудбалер Дарвин Нуњез најверојатно си ја запечати својата судбина на “Енфилд”…