Дома Фудбал Спектакуларен гол на Матета против Арсенал (ВИДЕО)

Спектакуларен гол на Матета против Арсенал (ВИДЕО)

Целосна лудница се виде на Емирејтс во Северен Лондон, каде што Арсенал играше нерешено со Кристал Палас 2:2 во 34. коло од Премиер лигата.

Арсенал ја изгуби трката за титулата со Ливерпул, а се чини дека има сигурно второ место, па може да игра порелаксирано до крајот на шампионатот во Англија, па шанса добија и некои играчи кои не се редовни стартери, како што се Стерлинг и Тросар, додека Микел Мерино не беше во конкуренција, а Сака беше на клупа.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Започна одлично за Арсенал, со водство во третата минута, но резултатот беше израмнет во 27-та минута по одлична акција од корнер на Кристал Палас, која во гол ја претвори Езе, кој со волеј ја закова топката во мрежата на Раја.

До крајот на првото полувреме, Тросар му донесе предност на Арсенал, но во 83-та минута, резервистот Жан Филип Матета постигна спектакуларен гол за конечни 2:2.

Матеа виде како Раја излета од гол-линијата, а потоа само „боцна“ топката од речиси 30 метри и го лобуваше голманот на Арсенал за конечниот резултат и поделба на бодовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ендрик со еден потег го збесна Анчелоти: Овој клуб не е циркус!

Со победа од 1:0 против Хетафе во 33. коло на Ла Лига, Реал пет натпревари пред крајот на …