Дома Фудбал Ѕвездата на Барселона е незадоволна. Тренерот: Не разбирам. Не треба вака да се реагира.

Ѕвездата на Барселона е незадоволна. Тренерот: Не разбирам. Не треба вака да се реагира.

Фудбалерите на Барселона, Ансу Фати и Хектор Форт, го изразија своето незадоволство затоа што не настапија на натпреварот против Селта (4:3), а нивниот тренер, Ханси Флик, не беше задоволен од нивната реакција. Иако ја разбираше нивната фрустрација поради неиграњето, Флик истакна дека ваквите реакции не се прифатливи во професионално опкружување.

“Може да разберам дека не се среќни и дека се разочарани. Бев професионален играч и сите сакаат да бидат во тимот, сакаат да покажат дека можат да играат. Ги разбирам нивните чувства, но не ја разбирам нивната реакција”, рече Флик по натпреварот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Неговото мислење беше јасно: “Ова не е начинот на кој треба да се реагира. Мора да го прифатите тоа. Против Селта се вративме откако губевме 1:3, мислам дека донесовме правилни одлуки. Играчите мора да го прифатат тоа. Кога ќе заиграат, тогаш ќе ја видиме нивната реакција. Тогаш е вистинскиот момент за реакција, не надвор од него. Сакам да ја видам нивната реакција на теренот, не надвор од него.”

Покрај тоа, се шпекулираше дека Феран Торес бил незадоволен што беше заменет во 59. минута од натпреварот против Селта, но Флик истакна дека Торес има нова шанса. Имено, Торес ќе го заземе местото на Роберт Левандовски, кој е повреден. “Феран ни е многу важен. Во моментов поминува одличен период во кариерата. Мислам дека најдобро му одговара позицијата ‘деветка’,” додаде Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Консеисао се налути и откри зошто Милан е во криза

Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, го најави реваншот од полуфиналето на Купот на Италија…