
По вечерашните натпревари ќе ги дознаеме првите два полуфиналисти на Лигата на шампионите на УЕФА.
Астон Вила ќе ја пречека екипата на Пари Сен – Жермен во Бирмингем, а тимот на Унаи Емери ќе се обиде да ја надополни предноста од два гола од првиот натпревар.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Се свесни дека нема да биде лесно, но со предводници како Асенсијо, и Мален кој игра во се подобра форма, сакаат да му се заканат на фаворизираниот ривал.
Победникот од овој дуел ќе ги одмери силите со победникот од дуелот помеѓу Арсенал и Реал Мадрид.
Вториот вечерашен натпревар се игра на Сигнал Идуна Парк, каде домашната Борусија Дортмунд ќе ја пречека екипата на Барселона.
Каталонскиот гигант славеше убедливо во првиот натпревар со 4:0, но тренерот на „Милионерите“ Нико Ковач истакна дека нема да биде лесно, но дека кај неговите момци сè уште тлее надеж.
Двата вечерашни натпревари започнуваат во 21 часот.
Фото: PSG/FB