Дома Фудбал Гвардиола за Гундоган: Не знам дали ќе остане…

Гвардиола за Гундоган: Не знам дали ќе остане…

Илкај Гундоган автоматски доби нов договор со Манчестер Сити, но Пеп Гвардиола не е сигурен дека Германецот ќе остане во клубот и следното лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германецот минатото лето се врати од Барселона, по една сезона во Каталонија, потпиша договор 1+1, кој е автоматски продолжен заради исполнување на бројот на минути и натпревари.

“Гундоган сега дефинитивно има договор до летото 2026 година. Но, не знам што ќе се случи во текот на летото. Автоматски му беше продолжен договорот, но на крајот од сезоната ќе разговараме”, изјави Пеп Гвардиола.

Да потсетиме, Кевин Де Брујне сигурно го напушта “Етихад” на лето по истекот на договорот, а Гвардиола беше подготвен да се откаже и од повеќето од староседелците меѓу кои се споменуваше и Гундоган.

Фото: Manchester City
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Селекторот на Португалија збесна на прашање од новинарите пред натпреварот со Хрватска

Подготвување за Хрватска: Тренерот на Португалија ја загуби трпеливоста на прашањето од но…