Дома Фудбал Останато Струмица немоќна, Штип УГД го одбрани трофејот во Купот

Струмица немоќна, Штип УГД го одбрани трофејот во Купот

Одбојкарите на Штип УГД одиграа извонреден натпревар и со максимални 3-0 во сетови ја совладаа екипата на Струмица во финалето од Купот на Македонија, обезбедувајќи си уште еден значаен трофеј. Сетовите завршија со резултати 25-21, 26-24 и 25-21.

Штипјани одлично го отворија мечот, демонстрирајќи стабилна игра и самодоверба уште од самиот старт. Иако Струмица успеа да се врати во првиот сет и го израмни резултатот на 20-20, УГД повторно заигра со сигурност и со серија поени го затвори сетот во своја корист со 25-21.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во вториот сет, Струмица поведе со 13-9 и изгледаше како да ќе изедначи во сетови, но одбојкарите на Штип покажаа карактер и борбеност. Со ефикасни блокови и одличен прием, успеаја да се вратат и во еден крајно драматичен финиш да го добијат сетот со 26-24.

Третиот сет беше нова жестока битка на паркетот. Двете екипи се менуваа во водство, но повторно УГД Штип влезе во клучна серија во завршницата, како и во првиот сет, и со конечни 25-21 стави точка на финалето и го подигна пехарот.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Неверојатниот Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд!

Арманд „Мондо“ Дуплантис повторно постави светскиот рекорд во скок со стап на планетарното…