Дома Фудбал Голема победа на Челси во борбата за ЛШ (ВИДЕО)

Голема победа на Челси во борбата за ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси го победија Тотенхем со 1:0 вечерва на „Стемфорд Бриџ“ во натпреварот од 30 коло воп Премиер лигата.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Енцо Фернандез со глава во 50 минута по прецизниот центаршут на Кол Палмер.

Оваа победа има големо значење за Челси во борбата за Лигата на шампионите.

„Сините“ со оваа победа се вратија на четвртото место на табелата и се пред Манчестер сити кој е петтопласиран со 51 бод.

Тимот на Енцо Мареска ја продолжи доминацијата над градскиот ривал, остварувајќи ја четвртата последователна победа против Спарс, зголемувајќи го притисокот врз шефот на Тотенхем, Анге Постекоглу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд сруши рекорд на Ибрахимовиќ и тоа со 66 натпревари помалку

Ерлинг Халанд од натпревар во натпревар продолжува да ги поставува новите стандарди и да г…