Дома Фудбал Мурињо го фати тренерот на Галатасарај за нос. Погледнете го хаосот на крајот од турското дерби

Мурињо го фати тренерот на Галатасарај за нос. Погледнете го хаосот на крајот од турското дерби

Фудбалерите на Галатасарај обезбедија пласман во полуфиналето на турскиот куп откако на гостувањето го победија најголемиот ривал Фенербахче со 1:2. Херој на натпреварот беше нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, кој ги постигна двата гола за победничкиот состав, достигнувајќи до 28 голови во официјални натпревари оваа сезона.

Осимен го доведе Галатасарај во предност во десеттата минута, а во 27. минута реализира казнен удар за 0:2. Надеж на домаќините донесе Себастиан Шимански, намалувајќи во 45. минута на 1:2. Во второто полувреме, и покрај неколку шанси на двете страни, немаше голови.

Хаос на крајот, Мурињо го фати тренерот за нос

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Турското дерби не можеше да помине без високи тензии и инциденти, па судијата Џихан Ајдин во 88. минута покажа четири црвени картони, сите од клупа. За Фенер црвени картони добија Мерт Хакан Јандаш и помошникот на Мурињо Салваторе Фоти, а Керем Демирбај и Бариш Алпер Јилмаз на гостинската клупа за резерви.

Тренерот на Фенер Жозе Мурињо, во гужвата го фати за нос колегата Окан Бурук. Тренерот на Галата падна и се фати за лицето, а португалскиот тренер во меѓувреме си замина. Снимката од хаосот на крајот од натпреварот погледнете ја ОВДЕ.

Натпреварот го обезбедуваа 30.199 полицајци и чувари распоредени околу стадионот и низ градот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вакво настап на голман во Франција немало десет години – доби „десетка“!

Ретко се случува некој фудбалер за својот настап да биде награден со чиста десетка, а уште…