Дома Фудбал Навивачите го запреа Лапорта и му побараа – две засилувања (Видео)

Навивачите го запреа Лапорта и му побараа – две засилувања (Видео)

Барселона вчера без поголеми проблеми на „Монжуик“ ја победи Жирона со 4:1 во натпревар од 29-то коло од Ла Лига, а во центарот на вниманието се најде претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта, кој навивачите го застанаа за да му порачаат да ги доведе Лионел Меси и Ерлинг Халанд летово.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Каталонскиот клуб успеа да дојде до нова победа и да ја задржи водечката позиција во Ла Лига, со три бода предност пред второпласираниот Реал Мадрид.

Сепак, главната тема по натпреварот на Монжуик беше Жоан Лапорта, кого група навивачи го запираа пред стадионот.

Додека автомобилот во кој се наоѓаше Лапорта поминуваше, навивачите на Барселона успеаја кратко да го запрат, и му имаа порака за претседателот на овој клуб.

„Доведете ни ги Лионел Меси и Ерлинг Халанд“, му викаа навивачите на Барселона, а Лапорта одлучи да им одговори.

„Го имаме Ламин Јамал“, кратко со насмевка на лицето одговори претседателот на каталонскиот клуб.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Турција веднаш по натпреварот со Македонија го објави списокот за Мундијалот!

Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, ден по убедливата побед…