Дома Фудбал ПСЖ во сериозни проблеми – заминува „главниот архитект“ на тимот!?

ПСЖ во сериозни проблеми – заминува „главниот архитект“ на тимот!?

Без разлика на огромните инвестиции во текот на претходните години и привлекувањето на големи светски фудбалски ѕвезди, Пари Сен Жермен не успеа да ги привлече симпатиите на љубителите на оваа игра, ниту да ја освои Лигата на шампионите.

Сепак, по толку години, сега кога немаат поединец околу кој се врти целиот свет во Париз, и создадоа компактен и талентиран тим, играат пријатен фудбал. Тие се одличен тим и маршираат кон трофејот во Лигата на шампионите. 

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Секако еден од творците на актуелниот тим е португалскиот стручњак Луис Кампос кој пристигна во јуни 2022 година. Воспостави ред и преку одлична комуникација со неговиот колега кој седи на клупата создаде хомогена група на фудбалери кои ќе се прошетаат до титулата во Франција.

И токму, иднината на Кампос во клубот е неизвесна, бидејќи му истекува договорот по завршувањето на сезоната, а наводно Саудијците уште зимава му тропнале на врата, обидувајќи се да го убедат да прифати да води голем и долгогодишен проект. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Грешка на голманот му ја донесе победата на Арсенал, Манчестер Јунајтед покажа блесоци и стари слабости

Арсенал ја започна новата сезона со тешка победа над Манчестер Јунајтед со минимални 1:0 в…