Дома Останати Кошарка ПСЖ ќе создаде кошаркарски гигант и ќе стане дел од НБА-лигата?

ПСЖ ќе создаде кошаркарски гигант и ќе стане дел од НБА-лигата?

Францускиот гигант ПСЖ може да стане првиот европски клуб кој ќе игра во НБА лигата. Како што пишува „Ле Паризиен“, сопствениците на ПСЖ, Qatar Sports Investments, преговараат со НБА лигата за вклучување, односно проширување на американската лига во Европа. Постојат две опции – катарските инвеститори би го купиле клубот Париз и од него би направиле клуб кој ќе може да се натпреварува во НБА лигата или ќе направат сосема нов клуб со седиште во Париз.

Како што пишува „Атлетик“, шефот на НБА лигата, Адам Силвер, има на ум уште неколку европски екипи кои би биле дел од НБА лигата.

Американците тврдат дека целиот проект се одвива во согласност со ФИБА. Силвер бара клубови со големи буџети, за да ги покријат високите трошоци и да донесат приходи на НБА лигата. Овие приходи би се делеле 50-50 помеѓу НБА лигата и секој европски клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…