Дома Останати Кошарка Проблеми за Милвоки: Остана без еден од најважните кошаркари до крај на сезоната

Проблеми за Милвоки: Остана без еден од најважните кошаркари до крај на сезоната

Со години наназад еден од двигателите на Милвоки Бакс, Демијен Лилард, ја заврши сезоната поради сериозни здравствени проблеми, поради кои не беше дел од тимот од Висконсин на последните три натпревари во НБА лигата.

На триесет и четиригодишниот бек му беше дијагностицирана длабока венска тромбоза во мускулот на листот, а како што јавува новинарот на „ЕСПН“, Шемс Чаранија, искусниот американски бек нема да се врати на теренот во блиска иднина.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како што се наведува, поранешниот кошаркар на Портланд Трејлблејзерс веќе започна со терапии бидејќи користи лекови за разредување на крвта, а со сличен проблем се соочува и асот на Сан Антонио Спарс, Виктор Венбањама, кој исто така ја заврши сезоната во најсилната лига на светот.

Лилард оваа сезона во тимот на Бакс има вообичаен просек на поени по натпревар во НБА лигата, имајќи постигнато во просек 24,9 поени на 56 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Двајца Италијанци не можеле да поверуваат кого сретнале на бензинска пумпа – Лука Дончиќ!

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ веќе подолго време има репутација на скромно момче, секо…