
Германскиот тренер Ханси Флик прави одлична работа на клупата на Барселона, која се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите и моментално е на врвот во Ла Лига, откако во неделата навечер го победија Атлетико во Мадрид со 4:2.
Барселона игра одличен фудбал. Имаше и падови во текот на сезоната, но изгледа дека сега сè дојде на своето место и дека Германецот е вистинската личност за овој тим.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Флик имаше порано многу несогласувања со раководството на клубот, а во некои ситуации одлучи да му се спротивстави на Жоан Лапорта. Претседателот на Барселона не беше задоволен поради тоа, но се покажа дека поранешниот тренер на Баерн правел исправни работи и сè во интерес на самата Барса.
Ханси Флик е горд на групата луѓе која ја оформи во Барселона и сега кога е пронајдена хармонија и склад, не сакаше дополнителни тешкотии. Затоа реши да „спушти рампа“ на една од легендите на Барселона која планираше да се врати.
Станува збор за Нејмар, бразилскиот напаѓач кој има намера да го облече дресот на неговиот поранешен клуб и наводно, поради тоа одлучи да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во бразилскиот Сантос, од каде на лето би отпатувал во Каталонија. Но, изгледа дека од тоа нема да има ништо.