Кошаркарите на Денвер триумфираа на гостински терен во Сан Франциско против Голден Стејт со резултат 114:105, со што ја прекинаа неговата серија од седум последователни победи во Американската професионална кошаркарска лига (NBA).
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најефикасен во тимот на Денвер беше Арон Гордон со 38 поени. Мајкл Портер Џуниор додаде 21 поен и 10 скокови, Пејтон Ватсон запиша 13 поени и четири блокади, додека Расел Вестбрук оствари трипл-дабл со 12 поени, 16 асистенции и 12 скокови.
Никола Јокиќ ја пропушти играта поради повреда на лактот, додека вториот најдобар стрелец на Нагетс оваа сезона, Џамал Мареј, исто така беше надвор од составот поради повреда на скочниот зглоб.