Дома Фудбал ПСЖ не пропушти: Испрати уште една провокација до Ливерпул по поразот во финалето на „црвените“

ПСЖ не пропушти: Испрати уште една провокација до Ливерпул по поразот во финалето на „црвените“

Париз Сен Жермен го елиминираше Ливерпул од Лигата на шампионите, а потоа го исмеа својот ривал на многу интересен начин со објава на социјалните мрежи по новиот пораз на Ливерпул.

Црвените од Енфилд за само неколку дена останаа без шанса да освојат два трофеја. Во Лигата на шампионите ги победи ПСЖ, додека во финалето на англискиот Лига куп вчера беа поразени од Њукасл и така останаа без планираниот трофеј.

Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Њукасл со головите на Дан Бурн и Александар Исак славеше со резултат 2:1 и така го освои првиот официјален трофеј по долги 70 години чекање.

Во ПСЖ со воодушевување ја примија таа вест, а потоа на брилијантен начин „боцнаа“ Ливерпул.

Имено, еден навивач на Ливерпул на вчерашното финале носеше шал од својот клуб, но и капа на ПСЖ. Тоа во парискиот клуб го дочекаа со воодушевување и објавија хит порака на социјалните мрежи.

“Ако не можете да ги победите, придружете им се”, беше објавено на официјалната страница на ПСЖ, а објавата предизвика многубројни позитивни реакции, како од навивачите на овој клуб, така и од неутралните.

Се разбира, се алудира дека навивачот на Ливерпул почнал да навива за ПСЖ откако овој тим успеа да триумфира во дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Јамал стана првиот фудбалер кој пости и ќе игра за шпанската репрезентација

Фудбалерот на Барселона, Ламине Јамал, ќе стане првиот фудбалер во историјата на репрезент…