Дома Фудбал Нов проблем за Слот: Ливерпул ослабен во финалето од Лига Купот?

Нов проблем за Слот: Ливерпул ослабен во финалето од Лига Купот?

Ливерпул одеднаш се најде во неочекувани проблеми и лош период од сезоната.

„Црвените испаднаа“ од Лигата на шампионите веќе во осминафиналето, иако во групната фаза беше максимален и прв на табелата, а уште порано беше елиминиран од ФА купот од Плимут.

Сега следи финалето на Лига купот, борба за првиот трофеј, а неделниот меч со Њукасл ќе го пропушти Трент Александар-Арнолд.

Тој се повреди во поразот од Пари Сен Жермен, а Пол Џојс денес потврди дека нема да се опорави навреме за финалето со Њукасл. Како што е повреден и Конор Бредли, тоа значи дека на десната страна, како и синоќа, ќе мора да игра Џарел Куанса.

Да потсетиме, Њукасл исто така е ослабен бидејќи поради црвениот картон нема да може да настапи Ентони Гордон, додека неодамна се повреди и левиот бек Луис Хол.

Натпреварот Ливерпул – Њукасл е на програмата во недела во 17.30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсими не ја задржа предноста, Тиквеш си замина од Гостивар со бод

Последниот меч од 10. коло во ПМФЛ заврши без победник, откако Арсими и Тиквеш ремизираа 1…