Дома Фудбал Енрике: Поразот од Мароко на СП во Катар ми покажа дека не треба да се вежбаат пенали

Енрике: Поразот од Мароко на СП во Катар ми покажа дека не треба да се вежбаат пенали

Во возвратниот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и ПСЖ на Енфилд, францускиот првак оствари голем успех и по подоброто изведување на пенали избори пласман во полуфиналето. Во регуларниот дел единствениот гол го постигна Усман Дембеле, а потоа за ПСЖ пенали реализираа Витиња, Рамос, Усман Дембеле и Дуе. За Ливерпул погоди само Мохамед Салах.

Тренерот на ПСЖ Луис Енрике одржа прес-конференција по натпреварот.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Кои се вашите емоции по оваа квалификација?

Радост, задоволство. Тешко е да се анализира ваков тип на натпревар. Но, ова е важен момент за нас, за нашите играчи, нашите навивачи, 3000 или 4000 кои дојдоа овде.

Можеме ли да го наречеме ова едноставно заслужен успех во двата натпревари?

Вие сте новинари, вие сте тие кои треба да анализираат, не треба да ви кажувам што да кажете. Секој тим кој минал понатаму, било е фер. Ние само покажавме каков тим сме, дека си играме својот фудбал, без разлика каде играме, дури и кога не беше лесно овде. Го извршивме тоа што го бараше натпреварот.

Како ја оценивте играта на Донарума?

Првиот натпревар беше на Алисон, вториот на Донарума. Пеналите исто така одразуваат каков тим сме. Џиџо беше одличен, но последниот пенал го изведе Дуе, кој има 19 години.

Дали вежбавте пенали?

Не. Искусството ме научи дека не е потребно. Особено со Шпанија против Мароко на Светското првенство (испаѓање во осминафиналето, 0:0, 0:3 на пенали).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалската федерација на Македонија доби нов спонзор

Новоматик Македонија станува дел од тимот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ка…