Дома Фудбал Хит видео на Мурињо. Погледнете како реагираше на прашањето на новинарот

Хит видео на Мурињо. Погледнете како реагираше на прашањето на новинарот

Фудбалерите на Фенербахче изгубија со 1:3 во првиот натпревар од осминафиналето на Лига Европа на домашен терен против Ренџерс.

Играчите на Фенер имаа посед на топка од 64 отсто и 23 удари кон голот на противникот, а во реваншот на Ајброкс за седум дена ќе треба да се обидат да надоместат два гола дефицит.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


Тренерот на турскиот тим Жозе Мурињо стана вирален хит на социјалните мрежи поради својата реакција за време на конференцијата за медиуми по натпреварот. Не се трудеше да го прикрие фактот дека прашањето, кое со превод од турски на англиски траеше 45 секунди, го измори.

Мурињо прво внимателно слушаше, а потоа преку изразот на лицето почна да покажува дека прашањето е предолгу.

Откако тоа траеше повеќе од 20 секунди, ја спушти главата, ги затвори очите и почна да се преправа дека хрчи.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп: Разликата меѓу црвениот картон и деветмесечната суспензија е само еден сантиметар

Жестоките напади на раководството и тренерот на Олимпик од Лион врз судиите оваа сезона ре…