РЕАЛ МАДРИД на домашно тло го победи Атлетико 2:1 во првото дерби на осмина-финалето на Лигата на шампионите.
Домашните дојдоа во водство со Родриго во 4. минута. Израмни Хулијан Алварез во 32. минута. Голот за победа на Реал на Бернабеу го постигна мароканскиот репрезентативец Брахим Диаз (25) во 55. минута.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Диаз убаво погоди во подалечниот агол после дриблинг покрај два противнички играчи, а неговиот удар беше недостижен дури и за одличниот Словенец Јан Облак на голот на Атлетико. После голот, Диаз втрча меѓу трибината на навивачите на Реал и бурно го прослави. Неговата прослава можете да ја видите ОВДЕ.
Својата кариера Диаз ја започна во Малага, од каде во 2015 година премина во Манчестер Сити за надомест од 200.000 фунти.
Во јануари 2019 година, Диаз премина во Реал Мадрид за 15,5 милиони фунти. Потоа беше испратен на тригодишна позајмица во Милан, каде играше од 2020 до 2023 година.