Дома Фудбал Беше хит во Премиер лигата, па му пропадна голем трансфер. Сега ќе игра во словенечката втора лига

Беше хит во Премиер лигата, па му пропадна голем трансфер. Сега ќе игра во словенечката втора лига

САИДО БЕРАХИНО (31), некогашната ѕвезда на англиската Премиер лига, заврши во словенечката втора лига. Поранешниот напаѓач на Вест Бромвич Албион потпиша договор со словенечкиот второлигаш Табор Сежана. Бурундискиот репрезентативец, кој некогаш беше на мета на Тотенхэм, сега ќе се обиде да му помогне на Табор во борбата за промоција во првата лига.

“Возбуден сум што сум дел од тимот кој се бори за промоција! Имаме многу млади и талентирани играчи кои досега направија одлична работа, а сега е време да се обединиме како тим и да го поттикнеме кон нашата цел – промоција”, изјави Берахино по доаѓањето во клубот.

Кариера во слободен пад


Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓


Берахино е роден 1993 година во Бурунда, но како дете избегал во Англија, каде што добил политички азил. Својата професионална кариера ја започна во Вест Бромвич Албион, каде што помина низ младинските категории и дебитираше за првиот тим во 2012 година. Својот врв во Премиер лигата го достигна во сезоната 2014/15 кога постигна 14 голови во 38 настапи.

Тогаш Тотенхем понуди 18 милиони евра за него, додека ВБА бараше 30. Откако тој трансфер пропадна, неговата кариера тргна надолу. Следеше трансфер во Стоук Сити во 2017 година за речиси 15 милиони евра, но и таму не успеа да ја оживее својата кариера.

Берахино промени пет клубови во пет години, никаде не се задржа долго и никаде не беше ефикасен. Последниот ангажман во индискиот второлигаш Раџастан Јунајтед го заврши без одигран ниту еден натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не е чудо што го бараат гигантите: Голгетерот на Спортинг сруши уште еден рекорд!

Виктор Ѓеќереш е еден од најбаранте фудбалери на европскиот фудбалски пазар,, а синоќа ушт…