Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во четвртфиналето на АТП турнирот во Доха. Него го порази Чехот Јиржи Лехечка со 2:1, во сетови 6:3, 3:6, 6:4.
Лехечка ја презеде иницијативата, двапати му го одзеде сервисот на Шпанецот и поведе со 5:2 со серија од четири последователни гејма, пред рутински да го заврши сетот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Алкарас имаше подготвено одговор и возврати со иста мера во следниот сет.
Алкарас изгледаше како да ја контролира ситуацијата кога поведе со 4:2 во третиот сет, но Чехот направи пресврт и го доби со 6:4.