Дома Останати Кошарка Лејкерс го претрпеа првиот пораз со Дончиќ, Мареј постави рекорд на кариерата – броеше до 55! (Видео)

Лејкерс го претрпеа првиот пораз со Дончиќ, Мареј постави рекорд на кариерата – броеше до 55! (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс загубија од Јута со резултат 131:119.

Лука Дончиќ кој постигна 16 поени со 4 скока и 4 асистенции за 23 минути, на тој начин го запиша првиот пораз во дресот на Лејкерс.


Клучот на иднината! ↓↓↓


Леброн Џејмс имаше 18 поени, 6 скока и 7 асистенции, додека неговиот син Брони за 8 минути постигна 9 поени. До победата на Јута беше предводена од одличниот Лаури Марканен со 32 поени.


Никола Јокиќ оствари уште еден трипл-дабл во победата на Денвер, но не беше најзабележливиот во тимот при триумфот против Портланд со резултат 132:121.

Јокиќ заврши натпреварот со 26 поени, 15 скока и 10 асистенции, но сјајот го доби Џамал Мари кој постигна рекорд на кариерата со 55 поени.

Орландо – Шарлот 102:86

Вашингтон – Индијана 130:134

Бостон – Сан Антонио 116:103

Њујорк – Атланта 149:148

Бруклин – Филаделфија 100:96

Торонто – Кливленд 108:131

Чикаго – Детроит 110:128

Оклахома – Мајами 115:101

Минесота – Милвоки 101:103

Њу Орлеанс – Сакраменто 111:119

Хјустон – Феникс 119:111

Јута – ЛА Лејкерс 131:119

Денвер – Портланд 132:121

Далас – Голден Стејт 111:107

ЛА Клиперс – Мемфис 128:114

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Познато зошто Дончиќ не беше избран за Олстар-викендот

Лука Дончиќ овој февруари нема да настапи на Ол-стар, прв пат по пет години. Иако играше з…