![](https://sportski.mk/wp-content/uploads/2025/02/screenshot-2025-02-11-135529-850x491.jpg)
Турнирот во Лига на шампиони продолжува вечерва со натпревари од плеј-офот за пласман во осминафиналето, а првиот натпревар вечерва ќе го играат француските ривали Брест и Пари Сен Жермен.
Она што е интересно е дека натпреварот ќе се игра на стадионот на второлигашот Гингам, бидејќи стадионот на Брест не ги задоволува строги критериуми на УЕФА, а многумина се непријатно изненадени од состојбата на тревникот на стадионот на Гингам.
🚨🇫🇷 Состојбата на теренот за натпреварот од УЕФА Лига на шампиони помеѓу Брест и ПСЖ вечерва. 😳
— EuroFoot (@eurofootcom) 11 февруари, 2025
Натпреварот ќе се игра на стадионот на второлигашскиот тим Гингам. Ова е затоа што теренот на Брест не ги задоволува барањата на УЕФА. pic.twitter.com/SJbRoL3CzK
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
На социјалните мрежи се објавени снимки кои го покажуваат состојбата на тревникот неколку часа пред натпреварот, и на него има многу дупки и места каде што нема трева.
Сигурно со таквата состојба на теренот нема да бидат задоволни ни фудбалерите кога ќе излезат на него, но натпреварот сепак ќе се одигра на овој терен.
Подсетуваме, Брест долго време во лигашкиот дел на Лига на шампиони беше најпријатното изненадување на турнирот и на врвот на табелата, но потоа падна на 18-то место со три порази и на крајот се обезбеди плеј-оф со 13 освоени поени.
ПСЖ имаше ист број на бодови, но се класифицираше на 15-то место и на крајот .ждребот ги споја со Брест, ривалот од Лига 1.
Натпреварот на Брест и ПСЖ започнува од 18:45 часот со пренос на Арена 1 Премиум, а реваншот е за осум дена на „Парк де Пренс“ во Париз.