Дома Фудбал Реал Мадрид не памети вакви проблеми: На Манчестер сити му гостува речиси без одбрана!

Реал Мадрид не памети вакви проблеми: На Манчестер сити му гостува речиси без одбрана!

Реал Мадрид оваа сезона има неверојатни проблеми со повредените фудбалери, главно се работи за играчи од последната линија.

Последната повреда што го зафати Кралскиот тим е повредата на Лукас Васкез, кој се повреди во градското дерби со Атлетико во саботата навечер.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Васкез, кој игра на позицијата десен бек, ќе го пропушти натпреварот од плеј-офот на Лигата на шампионите против Манчестер Сити, кој ќе се игра во вторник, а така ја прошири листата на повредени играчи на Реал.

На неа покрај Васкез се наоѓаат и Антонио Рудигер, Дани Карвахал, Едер Милитао и Давид Алаба – сите стандардни членови на одбранбената линија на Реал.

Против Атлетико, одбранбената линија ја сочинуваа Фран Гарсија како лев бек, стопери бea Орелијан Чуамени и Раул Асенсио, додека десно беше токму Васкез. Сега, пак по кој знае кој пат оваа сезона, улогата на десен бек ќе ја извршува Федерико Валверде, инаку централен одбранбен среден играч на тимот што го води Карло Анчелоти.

Натпреварот Сити – Реал ќе се игра во вторник од 21 часот на стадионот Етихад, а реванш средбата меѓу овие ривали во плеј-офот на Лигата на шампионите ќе се игра осум дена подоцна на стадионот Бернабеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Јован Манев се врати во Хрватска

Репрезентативецот на Македонија, Јован Манев кариерата ќе ја продолжи во Хрватска каде што…