Фудбалерите на Манчестер јунајтед синоќа го совладаа како гостин Фулам со 1:0 во натпревар од 23. коло на Премиер лигата, но самиот меч не понуди многу возбудувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Единствениот гол на средбата го постигна аргентинскиот дефанзивец Лисандро Мартинез во 78. минута, а гостите од Манчестер покажаа малку нешта кои би можеле да се карактеризираат како добра и квалитетна игра.
Триумфот над Фулам е најдобриот подарок за менаџерот Рубен Аморим кој вчера го прослави својот 40-ти роденден.
“Немам 40, туку 50 години. За два месеца во Манчестер јунајтед остарев 10 години, но ми е мило што сум тука и што со овие луѓе можам да го прославам мојот роденден“, изјави Аморим.
Манчестер јунајтед во последните четири дена оствари две важни победи, прво против Ренџерс во Лига Европа, а сега и против Фулам во Премиер лигата каде што е на 12-то место со 29 освоени бодови од 23 натпревари.