Манчестер Сити потврди дека Ерлинг Холанд го продолжи договорот дури до лето 2034 година, а норвешкиот напаѓач потоа одлучи да испрати порака до сите дефанзивци од противничките клубови во Премиерлигата.
Претходните месеци многу се шпекулираше дека Халанд на крајот на оваа сезона може да го напушти Манчестер Сити бидејќи постојат клубови кои се заинтересирани да ја активираат неговата откупна клаузула.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Меѓутоа, сега е јасно дека тоа нема да се случи бидејќи Манчестер Сити потврди дека норвешкиот напаѓач го продолжи договорот и потпиша договор кој ретко се гледа во светот на фудбалот.
Имено, Халанд со шампионот на Англија го продолжи договорот на дури девет и пол години, и истиот важи до лето 2034 година, а доколку остане до истекот на договорот Холанд тогаш ќе има 34 години.
Исто така, англиските медиуми наведуваат дека станува збор за еден од најпрофитабилните договори во историјата на спортот, и дека Халанд е првиот играч некогаш во Англија кој неделно ќе заработува над 500.000 фунти.
Она што е најважно за Сити е тоа што успеаја од договорот да ги „отстранат“ откупните клаузули што ги имаше Халанд за наредните години, а првата таква клаузула ќе стапи на сила дури во лето 2029 година и цената ќе биде „солена“.
По официјализирањето на продолжувањето на договорот од страна на Манчестер Сити, норвешкиот напаѓач се огласи на интересен начин.
Халанд имаше порака за сите дефанзивци на противничките клубови во Премиерлигата која „одекна“ на Островот.
„Драги дефанзивци… Водевме свои битки, но вие ме поттикнавте да бидам што подобар. Имаше многу шпекулации во последно време и јасно ми е дека сакате да не бидам повеќе тука. Жал ми е, но тука сум да останам што подолго“, рече Халанд.
Dear defenders 🖋️ pic.twitter.com/bra8MZEhq6
— Manchester City (@ManCity) January 17, 2025