Аргентинскиот фудбалер Алехандро Гарначо не е баш по „мерка“ на Рубен Аморим, изгледа дека Тен Хаг повеќе го ценеше и очекуваше повеќе од овој крилен играч.
Поради тоа, медиумите споменуваат можност за промена на средината на Гарначо.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Наполи е заинтересиран за неговите услуги и веќе се пишуваше на оваа тема.. Антонио Конте го посакува во својот тим како замена за Кварацкелија кој е блиску до заминување во Пари Сен Жермен, но Манчестер Јунајтед ќе бара сериозни пари.
Според извештаите на италијанските медиуми, првата понуда на Наполи изнесувала 45 милиони евра, што Јунајтед ја одбил.
За Наполи да започне преговори со играчот, неопходно е да плати најмалку 60 милиони евра за овој фудбалер.
По оваа цена, можно е Наполи да се сврти кон други опции…