Политиката на Манчестер јунајтед во последно време и не беше толку лоша кога станува збор за излезните трансфери, па можно е еден млад фудбалер да се врати на “Олд Трафорд”.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Станува збор за сегашниот член на Бенфика, Алваро Фернандез. Ова момче пристигна во Манчестер јунајтед од Реал Мадрид уште во 2020 година, доби дури и шанса од страна на Ралф Рангник, а откако беше најдобриот играч на Манчестер јунајтед во У23 тимот, отиде на позајмици во Престон и Гранада. Потоа се пресели во Бенфика со која во мај 2024 година потпиша и договор.
Сепак, во тој договор Манчестер јунајтед има една клаузула која може да ја активира.
Фернандез сега е еден од најдобрите леви бекови во португалското првенство, игра одлично и во Лигата на шампионите, а Манчестер јунајтед може да го има за само 16 милиони фунти.