Дома Фудбал Аморим: Мораме да бидеме искрени со навивачите. Можно е да испаднеме од лигата

Аморим: Мораме да бидеме искрени со навивачите. Можно е да испаднеме од лигата

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера загубија со 2:0 од Њукасл на Олд Трафорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во најинтересниот премиерлигашки натпревар на вечерта, Њукасл веќе имаше предност од 2:0 по 20 минути фудбал, а тоа го постигна со головите на Александар Исак и Џолинтон.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим се обиде брзо да реагира, а во 33. минута наместо Зиркзе го внесе Коби Мајно, но тоа не донесе никаква промена. Њукасл на тој начин ја постигна петтата последователна победа во сите натпреварувања, додека Јунајтед го претрпе четвртиот последователен пораз.

Аморим: Можно е да испаднеме од лигата

“Мислам дека испаѓањето е можно, мораме да бидеме искрени со нашите навивачи. Мораме да промениме нешто, но оваа сезона ќе биде многу тешка за сите. Тоа може да не направи посилни и мораме да се бориме”, изјави Рубен Аморим по натпреварот и продолжи: “Навистина е тешко. Ова е еден од најлошите моменти во историјата на нашиот клуб, и мораме да го прифатиме. Уште еден пораз пред нашите навивачи.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кукуреја лета на Светското, а во Реал Мадрид ги тријат рацете

Марк Кукуреја игра одлично на Светското првенство. Се истакнува со физика, фудбалски вешти…