Дома Фудбал Загина поранешен руски фудбалски репрезентативец

Загина поранешен руски фудбалски репрезентативец

Поранешниот руски фудбалски репрезентативец Алексеј Бугајев загина во војната во Украина.

Имаше 43 години. Веста за неговата смрт ја соопшти неговиот адвокат Антон Смирнов, а ја потврди и неговиот татко.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бугајев играше за Русија на Европското првенство во Португалија 2004 година.

Овој стопер забележа седум настапи за националниот тим, од кои два на ЕП. Целата своја кариера ја помина играјќи во клубови во својата земја. Играше за Торпедо Москва, Локомотив Москва, Том Томск, Химки и Краснодар.

Тој се повлече од фудбалот на 29 години, откако призна дека е зависник од алкохол. По фудбалската кариера стана криминалец. Се занимавал со шверц на дрога, па поради тоа минатата година бил осуден на неколку години затвор. Како и многумина осуденици, тој ја намали казната со доброволно одење во војна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…