Дома Фудбал Тешка повреда на Фабијански. Изнесен надвор од теренот под кислород по удар во главата

Тешка повреда на Фабијански. Изнесен надвор од теренот под кислород по удар во главата

Тренерот Лопетеги рече дека голманот на Вест Хем Јунајтед, Лукаш Фабијански, бил свесен и разговарал со него откако бил однесен на носилки во првото полувреме од лигашкиот натпревар во Саутемптон.

Дефанзивецот на домаќините Нејтан Вуд налета на полскиот голман откако овој веќе расчисти една фрлена топка пред неговиот гол во 29. минута.


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Вуд доби жолт картон поради невнимателниот потег, а Фабијански по седум минути асистенција беше изнесен од теренот на носилки.

На негово место влезе Алфонс Ареола, а натпреварот заврши со победа на Вест Хем со 0:1.

Кога беше изнесен надвор од теренот, Фабијански имаше маска за кислород, а Лопетеги потврди дека не треба да оди во болница.

Доби силен удар околу главата, околу вратот и не беше многу сигурен во своите постапки. За среќа, веста е дека зборува, буден е, свесен е“, изјави Лопетеги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси тргнува во (не)возможна мисија: На Интер му нуди тројца фудбалери за Лаутаро?!

Михајло Мудрик (70 милиони евра), Беноа Бадиашил (38 милиони евра) и Карни Чуквуемека (18 …